Црна хроника
Царината заплени златни монети, живи птици, минерали…
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани златни монети, живи птици, фалсификати, рудни минерали, текстилни производи, обувки, цигари, мобилни телефони, и друго.
На аеродромот Александар Велики, при личен претрес на македонски државјанин кој допатувал со лет од Базел, царината запленила 15 златни монети со ознака Franc.Ios.I.D.G. Avstriae Imperator, со вкупна маса од 160 грама.
Златните монети, заедно со фактура со износ од 7.000 швајцарски франци, издадена од швајцарска банка, пронајдени се во горен џеб од јакната на патникот. Против прекршителот е поднесена кривична пријава.
Царината исто така запленила и 56 живи птици од раса EXOTE, откриени на граничен премин Табановце, при контрола на автобус со српски регистарски таблички, што сообраќал на релација Белград – Атина.
Птиците се пронајдени во багажниот простор на автобусот, во 2 кафези сместени во црна најлонска кеса, сопственост на српски државјанин, патник во автобусот.
На граничниот премиер Деве Баир пак, при контрола на патничко возило со полски регистарски таблички, управувано од полски државјанин, царината открила 166 килограми природни рудни минерали.
На прашање на царинските службеници, возачот објаснил дека со неговите пријатели биле на туристичко патување низ Македонија и Косово и дека немаат што да пријават за царинска контрола.
При контрола на возилото, под патосниците, под предните седишта, под тапацирот во багажникот на возилото, во внатрешноста на тетрапак опаковки од сокови и разни делови од облека, сместени во патни торби, царинските службеници пронајдоа разни ретки природни рудни минерали./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

