Црна хроника
Изнајмил рента-кар автомобили со фалсификат лична карта и потоа ги препродавал
СВР-Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.М. (39) поради постоење основано сомнение дека извршил четири кривични дела и тоа две кривични дела – „затајување” и две кривични дела – „употреба на исправа со невистинита содржина”, при што се стекнал со противправна имотна корист од 2.390.500 денари.
Имено, пријавениот во периодот од 24-ти до 26-ти февруари, наведените кривични дела ги извршил на тој начин што со помош на негов пријател А.А. кој претходно му изработил лажна лична карта на име Костов Игор, истата ја употребил во две фирми за рента-кар и услуги и тоа: „Далас Кар” ДООЕЛ Скопје од каде што изнајмил автомобил марка „форд транзит” за сума од 300 евра како и рента-кар услуги ДППУ „Астра-Рента-Кар” увоз -извоз ДОО Прилеп, подружница „Астра Рента-Кар Скопје”, од каде изнајмил „голф 6″, исто така, за сума од 300 евра и за истите потпишувал Договори за наем на возило за користење во време трање од три дена.
Откако ги земал возилата потоа пријавениот ги препродал, и тоа:возилото „форд транзит” во Гостивар за сума од три илјади евра, а „голфот 6″ во Битола за сума од пет илјади евра.
Притоа, оригиналната сообраќајна дозвола и оригиналните регистерски таблици од возилото „форд транзит” ги фрлил кај Сарај на мостот на река Вардар, а документите од „голф 6″ (сообраќајна дозвола со невистинита содржина на име Костов Игор), како и личната карта со невистинита содржина, исто така ,на име Костов Игор ги запалил на излез од Битола.
Пријавениот A.М. на неговиот пријател А.А. за услугата за направените документи со невистинита содржина во два наврати му исплатил вкупно 2.200 евра. Инаку, А.М. е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти, против истиот се поднесени вкупно 18 кривични пријави и изречени му се вкупно 13 казни затвор и една условна осуда. Од страна на Судија во претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.
По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

