Црна хроника
Албанка во Италија си ги убила трите ќерки
Албанка во Италија признала дека ги убила своите три ќерки на возраст од три, десет и четиринаесетгодишна возраст, објавија италијанските власти, што наиде на голем публицитет во италијанските и европските медиуми.
Телата на девојченцата биле пронајдени во семејниот стан во местото Леко на езерото Комо во регионот Ломбардија, пренесуваат италијанските медиуми.
Жената именувана како 37-годишната Елдира Добруши, којашто неодамна се развела од мажот и татко на нејзините деца, кој исто така бил Албанец и во петокот се вратил во Албанија, била пронајдена на улица во состојба на голем шок и со повреди на рацете. „Бев очајна, ги убив своите ќерки”, изјавила во полицијата.
Полковникот на италијанските карабинери изјавил дека трите девојчиња кои имале неалбански имиња претрпеле повеќе убодни рани и починале во нивната соба, но потоа биле префрлени на креветот од мајка им. „Целиот стан беше облеан со крв. Не можеше ништо да се стори за жртвите, беа веќе мртви со повеќе рани нанесени со кујнски нож”, рекол полковникот Роко Италиано. Додал дека неговите колеги кои влегле во станот биле шокирани од призорот.
Во врска со оваа трагедија се огласи и италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано, кој рекол дека „Нема да се дозволи никој неказнет да се извлече од ова ужасно злосторство”.
Жената е притворена и треба да биде изведена пред истражен судија, откако во првичната изјава ги признала убиствата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

