Црна хроника
Откриени 25 криминални групи во 2013 година
Во текот на 2013 година сузбиени се вкупно 25 криминални групи со 261 членови.
Од нив 238 македонски и 23 странски државјани, кои делувале во областа на недозволена трговија со дрога, организираниот – економски криминал, корупцијата, компјутерскиот криминал, фалсификување документи, криминалот поврзан со криумчарење мигранти, недозволена трговија со културни добра, криумчарење акцизна стока и кривични дела против државата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од страна на Министерството во соработката со странските безбедносни служби на регионално и меѓународно ниво како и по самостојно спроведените акции во делот на откривање на недозволената трговија со дрога, сузбиени се 11 (10) криминални групи во кои членувале вкупно 57 (44) лица. Членовите на овие криминални групи биле инволвирани во недозволена трговија со хероин и марихуана, се наведува во Извештајот за организирани видови криминал и корупција за 2013 година на МВР.
Минатата 2013 година, зголемен е бројот на откриените кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело”, односно откриени се 12 вакви дела за кои се пријавени се 45 сторители. Пријавените лица се управители, одговорни лица и сопственици на приватни фирми, референт, брокер и нотар, кои незаконски со злоупотреба на службената положба, даночно затајување, фалсификување исправа, измама и недозволена трговија со дрога пуштиле во легалниот промет парични средства во висина од над 1,2 милијарда денари.
Во овој дел откриени се две криминални групи. и тоа: 16-члена криминална група преку 17 правни лица каде сторителите биле одговорни лица, со изготвување на лажни фактури за наводно остварен трговски промет, легализирале стока што претходно била набавена на „црно” и вршеле преноси и прикривање на паричните средства кои потекнувале од нејзината продажба, по што паричните средства ги подигале во готовина или ги пуштале во оптек за набавка на друга стока. На овој начин, групата обезбедила прилив на сметките на правните лица во вкупен износ од околу 777 милиони денари.
Втората шестчлена криминална група со злоупотреба на службената положба и со фалсификување на исправи при доделување на градежно земјиште и изградба на објект во Скопје стекнале криминални приноси во висина од околу 65,8 милиони денари, по што истите ги легализирале со склучување на Договори со невистинита содржина за наводно посредување, а потоа ги префрлале на личните сметки на пријавените и сметки на домашната фирма на еден од пријавените, наменски регистрирана во нашата држава.
Исто така, стои во Извештајот, во 2013 година, продолжија активностите по две операции што беа реализирани во 2012 година, при што во рамки на операциите „Детонатор” и „Керозин” дополнително девет физички и четири правни лица се пријавени за кривично дело „перење пари”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

