Црна хроника
Откриени 370 мигранти во 2013 година
Вкупно 370 мигранти, претежно од Авганистан, Пакистан и Сирија, нелегално влегле во Македонија во текот на 2013 година.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, Македонија воглавно останува транзит земја, односно мигрантите илегално ја поминуваат грчко-македонската гранива, а потоа со такси се упатуваат кон северната граница.
Во Извештајот за активностите во областа на илегалната миграција за 2013 година на МВР се наведува дека е евидентирано зголемување за 46 проценти на овој вид кривични дела, односно откриени се 52 (39 во 2012г) кривични дела „криумчарење мигранти” сторени од 98 (70) сторители и пет дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти” сторени од 22 сторители.
Најголемиот број сторители на овие дела се македонски државјани, само осум сторители се странски државјани.
Зголемување за трипати е регистрирано и кај откриените 13 кривични дела „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската унија и Шенгенскиот договор” сторени од 19 сторители. Сторителите се македонски државјани кои со патнички возила за износ од 200 или 250 евра по лице им организирале транспорт на 119 наши државјани-потенцијални баратели на азил чија крајна дестинација била Германија, Франција, Холандија. Излез од државата најчесто остварувале преку северната граница, односно на граничниот премин Табановце.
Во Извештајот се издвојува случајот во кој сторителот освен за делото „злоупотреба на безвизниот режим” е пријавен и за „трговија со малолетно лице”. Пријавениот сторител е македонски државјанин кој искористувајќи ја лошата економска состојба на семејство од Македонија им обезбедил транспорт до Белгија каде требало да бараат азил, а откако од страна на семејството не му бил исплатен договорениот паричен надомест, истиот им ја одзел малолетната ќерка и за 5.000 евра ја дал продал на лице од Белгија./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

