Црна хроника
Украдени компјутери од две скопски училишта

Девет компјутери се украдени од две скопски училишта во текот на изминатиот викенд, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Првата кражба се случила во основното училиште „Дрита” во скопско Копаница. Крадецот влегол во училница на вториот кат од каде што одзел шест компјутери.
Втората кражба се случила рано утрово во ОУ „Крсте Мисирков” во населба Ченто од каде што се украдени три компјутери.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило удри во велосипедист и побегна

Вчера околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Приведено лице од скопско, возел со 1,88 промили алкохол

Вчера во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода О.Ј.(47) од с.Стајковци, скопско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Приведено лице од скопско поради управување возило под дејство на алкохол

Вчера во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода 47-годишниот О.Ј. од село Стајковци, скопско.