Црна хроника
Прегазен пешак во Кочани

Триесет и тригодишен жител на Кочани загина во сообраќајна несреќа во недела изутрина, соопшти полицијата.
Несреќата се случила утрово околу 4 часот на улицата „Бел Камен” во Кочани кога автомобил „опел астра” управуван од Б.С. (29) удрил во пешакот Ристе А. кој починал на лице место.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата и работи на целосно расветлување на случајот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработени во „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево

Вработени во ЈП „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево. Случајот го пријавиле граѓани.
Полициски службеници, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, на разговор повикаа девет лицата вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево.
Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“ а во врска со сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“.
Известен е надлежен обвинител по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.
Црна хроника
Малолетници со нож избоделе маж, со тешки повреди пренесен во болница

На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.
На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот.
Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување.
Црна хроника
Разбојник со остар предмет нападнал малолетник во Аеродром

Разбојник нападнал малолетник на автобуска постојка во Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, И.П.(46) од село Љубин, скопско, пријавил дека околу 09.45 часот во близина на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, непознато лице го нападнал неговиот малолетен син и со употреба на физичка сила му побарало пари и личен накит, а потоа го нападнал со остар предмет, по што откако не зел ништо избегал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.