Црна хроника
Тинејџер отвори оган во преполн автобус во САД
Тинејџер отворил оган во преполн автобус во њујоршкиот кварт Бруклин, застрелувајќи еден човек, објави интернет страницата на телевизиската мрежа CBS.
Според телевизија, во инцидентот кој се случил изминатата ноќ, 14-годишниот осомничен напаѓач влегол во преполниот автобус и започнал да пука. Еден од патниците, идентификуван како 39-годишниот Анхел Рохас починал од рани во главата, но нема информации за други повредени патници во автобусот.
Според њујоршката полиција, тинејџерот, чиешто име не е објавено, имал намера да пука во некој друг патник во автобусот, но случајно го погодил Рохас. По инцидентот, напаѓачот се обидел да се сокрие меѓу преплашените патници кои бегале од возилото, но набрзо бил уапсен. Истрагата се обидува да дознаа од каде малолетникот го набавил оружјето и која била причината да отвори оган во автобусот, пренесува CBS.
Тинејџерот е веќе обвинет за убиство и нелегално поседување на огнено оружје. Датумот на неговото судење, засега не е објавен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.