Црна хроника
Тригодишно дете претепано до смрт и фрлено на скали
Три годишно дете во Скопје во петокот починало откако претходно било претепано во куќа на улицата „172“ во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според кажувањата на луѓето кои живееле во објектот М.С. (3) починало откако претходно паднало по скалите но по наредба на Јавен обвинител била извршена обдукција над мртвото тело при што било констатирано дека всушност детето починало од насилна смрт односно причина за смртта било брутално претепување.
Од страна на МВР преземени се мерки за расчистување на случајот при што приведени се сите лица кои живееле во куќата на споменатата адреса и по извршени разговори со истите констатирано е дека можен сторител на делото е Џ.Б.(34) којшто живеел во истата куќа со жртвата.
По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство”, а против неговата сопруга Ј.М.(25) тужба за кривично дело “помагање во извршување на кривично дело”./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.