Црна хроника
Инспектор и вработени во МЗШВ го оштетиле буџетот за над три милиони денари
Седум лица, меѓу кои инспектор и вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 2008 и 2010 година на нелегален начин успеале да добијат субвенции за сточен добиток со што го оштетиле буџетот за околу 3.3 милиони денари, сооопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицата се уапсени во вторник вечер во полициска акција „Тера”, и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави и тоа против А.Ш. (71) и Б.Ш.(38) село Блаце-Скопје поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност”, Д.А.(45) од Скопје, одговорно лице од Ветеринарната болница ДОО Скопје, Н.Б.(49) од Скопје, државен инспектор за земјоделство во МЗШВ, Б.Р.(51) од Липково, Куманово вработен во Подрачна единица – Чаир при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „фалсификување на службена исправа” и „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Против Т.К.(45) од Скопје-раководител во секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните при Агенцијата за храна и ветеринарство, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување или уништување на деловни книги” и З.Д.(37) од Скопје, управител – одговорно лице во Вет Медика ЗиА – општина Јагуновце, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „фалсификување на службена исправа”.
Првите двајца пријавени во период од 2008 до 2010 година, при аплицирање за добивање субвенции за сточен добиток до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, давале лажни податоци за поседување на поголем број на жив добиток-овци и јагниња, кои реално не го поседувале, а во ваквата измама биле потпомогнати од останатите пријавени службени лица во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Ветеринарна станица и Агенцијата за храна и ветеринарство кои со противзаконито работење им овозможиле да ја реализираат измамата.
Пријавениот Д.А. како управител на Ветеринарна болница ја злоупотребил службената положба и овластување и извршил фалсификување на службена исправа и не извршил правилно обележување на добитокот со ушни маркици ниту пак имал пописни листи за годините 2008 и 2010 година за првопријавените и внесувал невистинити податоци во базата на податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Пријавениот З.Д. како одговорно лице во ветеринарна станица, извршил фалификување на службена исправа, внесувајќи во пописните листи невиситинити податоци за добитокот кој го поседувале двете лица од село Блаце. Т.К. како раководител на Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните при Агенцијата за храна и ветеринарство ја злоупотребил службената положба со неизвршување на службената должност, односно не наредил ниту иницирал инспекција/контрола на овластената организација-Ветеринарна болница или контрола на лице место на одгледувалиштата на првоосомничените, а и спротивно на наведениот Закон не ја контролирал и ажурирал компјутерската база на податоци за идентификација и регистрација на добитокот врз основа на кои податоци АФПЗРР врши исплата на субвенции.
Н.Б. и Б.Р. како службени лица во Државниот инспекторат за земјоделие при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја злупотребиле службената положба и овластување, односно извршиле фалсификување на Записници за извршен инспекциски надзор во кои внесувале невистинити податоци за извршен инспекциски надзор и утврдена состојба за добитокот.
На овој начин пријавените службени лица, на сопствениците на стадото за период од 2008 до 2010 година им овозможиле да прибават противправна имотна корист во износ од 3.357.226 денари на штета на Буџетот на Р.Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.
Во текот на денешниот ден сите пријавени лица, освен Б.Ш., за кој постојат сознанија дека е надвор од Македонија, ќе бидат изведени пред Јавен обвинител од ОЈО Скопје.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

