Црна хроника
Во тек се повеќе акции на МВР за апсење на шверцери на дрога и оружје
Шверцери на дрога и оружје се апсат во повеќе полициски акции кои се уште се во тек.
Според првичните информации апсења се спроведуваат во повеќе македонски градови.
Министерството за внатрешни работи најави повеќе информации во текот на денот. крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Запален „мерцедес“ во Центар, огнот зафатил и „ауди“
Утрово во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т.(49) од Скопје.
Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Увид бил извршен.
Црна хроника
Работник ги пријавил сопствениците на скопска фирма дека го натепале
Синоќа по полноќ, М.Л.(37) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 19.00 часот бил физички нападнат од сопствениците на фирмата во која работел во селото Ржаничино, скопско.
МВР соопшти дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Кривична за стружанец кој исфрлил ѓубре од трактор на нива па го запалил
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.М.(63) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 06.09.2024 , пријавениот во трактор натоварил ѓубре, по што го исфрлил на нива и го запалил, соопшти МВР во дневниот билтен.