Црна хроника
Докторка во Штип без работна дозвола заработила 75.000 евра
Докторка од Штип од 2012 година до март годинава работела во приватна ординација и вршела систематски прегледи, иако дозволата и’ била одземена од страна на Министерството за здравство, со што се стекнала со противправна имотна корист од над четири ипол милиони денари или околу 75 илјади евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
СВР Штип поднесе две кривични пријави против 62-годишната Р.У. од Штип, доктор специјалист сопственичка на приватната здравствена установа „Д-р Ружа” од Штип, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, во периодот од јануари 2012 година противзаконски извршувала општа пракса како матичен лекар и наплаќала парични средства на име капитација од фондот за здравствено осигурување иако со Решение од Министерството за здравство и’ била одземена дозволата за работа по општа медицина.
Освен тоа, лекарката склучила договор за вршење на систематски преглед на вработените со 21 правно лице.
Со тоа, овозможила на ординацијата „Д-р Ружа” да се стекне со противправна имотна корист од 4.537.684 денари, при што за истиот износ му нанела штета на Фондот за здравствено осигурување , односно на Буџетот на Република Македонија./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.