Црна хроника
Вработен во скопска фирма украл 5.7 млн денари
Раководител на продавница на Мобил Трејд ДООЕЛ Скопје во Струмица ја оштетил фирмата за 5.7 милиони денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вработениот В.Г. (46) во продавница во Струмица на фирмата Мобил Трејд пријавувал помал дневен промет, а за себе задржувал дел од парите. При вонреден попис во продавницата на шести февруари бил констатиран кусок од 5.474.202 денари, како и кусок во магацин од 33.049 денари, при што е констатирано дека В.Г. во текот на работењето прибавил поголема имотна корист.
На 9 март од дневниот финансиски извештај прикажал дневен промет во износ од 299.700 денари, а на 26-ти истиот месец уплатил дневен пазар во износ од 102.800 денари, при што за себе присвоил 196.900 денари.
Тој повеќе пати пријавувал лажен дневен промет со што го оштетил Мобил Трејд во износ од 5.704.157 денари.
Против него е поднесена кривична пријава против за сторени кривични дела „затајување” и „послужување”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.