Црна хроника
Крвава ноќ во Скопје, четворица скопјани избодени со нож
Група непознати лица ноќеска во скопската населба „Железара“ нападнале две малолетни лица, при што еден од насилниците употребил нож и на жртвите им задал убодни рани по што и двете деца завршиле во болница.
Инцидентот бил пријавен околу 21 часот и 50 минути, а на двајцата малолетници кои имале по 16 години им биле констатирани убодни рани, на едното во пределот на стомакот, а на другото во пределот на надколеницата.
Врз жртвата која се здобила со убод во стомакот била извршена итна хируршка интервенција во Ургентниот центар.
Крвави пресметки во средата биле регистрирани во уште два други одделни инциденти кога едно лице било нападнато со нож при што му биле зададени убодни рани во пределот на вратот од за сега непознат сторител. Овој инцидент се случил во населбата Чаир на улицата „Џон Кенеди”, а жртва бил 34 годишен скопјанец. Насилникот по нападот веднаш избегал од местото, а повредениот бил префрлен во болница при што веднаш била извршена хируршка интервенција.
Поради сложената операција органите на редот се уште не зеле изјава од жртвата.
Во третиот случај во населбата Аеродром на булеварот „Јане Сандански” 24 годишно момче било избодено со нож откако претходно било довикувано од напаѓачот кој потоа почнал физички да го напаѓа.
Од МВР најавија истрага за откривање на сторителите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.