Црна хроника
Украден накит вреден 19.500 евра од куќа во Желино

Златен накит во вредност од 19.500 евра бил украден во четврток од куќа во село Желино, тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во куќата на Ј.Б.(78), кога арамијата со употреба на погоден предмет и физичка сила успеал да влезе внатре. Крадецот освен накитот украл и сигнален гасен пиштол.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и побегна

Дваесет и четиригодишник од Охрид управувал со возилото со кое беше прегазен пешак синоќа на улицата Гоце Делчев во градот.
Тој со својот автомобил удрил во 59-годишниот Е.С. од Охрид кој се здобил со тешки повреди, па го напуштил местото.
„По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид“, велат од МВР.
По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не било утврдено присуство на алкохол во организмот.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со мотор удри во 10-годишно девојче на Џон Кенеди

Приведен е 34-годишен скопјанец (Ј.О.) кој околу 11.30 часот, управувајќи мотор на улицата Џон Кенеди во Скопје удри во десетгодишно девојче.
Детето е примено на комплексот клиники со тешки повреди.
Од МВР за случајот информираа дека известен е јавен обвинител, а против 34-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит-пазар, потврдија од полицијата за „Макфакс“.
На терен има полициски службеници и екипи на брзата помош.
Повреденото лице е пренесено на Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот биле најдени повеќе патрони, а засега нема официјални информации за причините за вооружената престрелка.