Црна хроника
Кај жител на Арнакија пронајдени автоматска пушка и бомби
Во средата Единица за недозволена трговија со оружје при скопската полиција поднела кривична пријава против 37-годишен жител на селото Арнакија, заради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи”.
Имено, полициските службеници од Единицата, работејќи по оперативно сознание, дошле до податок дека во домот на неговиот татко во селото Арнакија, каде живее и осомничениот И. С., има поголемо количество огнено оружје и муниција, за кои не поседуваат соодветна дозвола.
Имајќи ја во предвид насилната природа на И.С., како и фактот дека против него се поднесени 11 кривични пријави за извршени вкупно 26 кривични дела проследени со насилство и имотни деликти, за што во периодот 1994 до 2009 година му се изречени две мерки засилен надзор, две парични казни и две казни затвор, на 1-ви април годинава Единицата во консултација со Јавен обвинител, а врз основа на наредба од Основен суд 1 Скопје, изврши претрес во нивниот дом во селото Арнакија.
При претресот се пронајдени една автоматска пушка со вграден нож- бајонет, како и една рамка за истата и две рачни бомби, кои се одземени и предадени за криминалистичко техничка обработка./краја/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

