Црна хроника
Условна казна за вработен во Царина кој му се заканувал со убиство на екс директорот Каргов
Две години условна казна доби Л.И., поранешен вработен во Царинската управа, поради смртни закани што му ги упатил на поранешниот директор на Царинската Управа, Ванчо Каргов, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Л.И.(42) од Скопје, на втори април, околу 02,30 часот отишол пред влезот од зградата каде што живее Каргов, сегашен претседател на инспекциски служби во Владата на Република Македонија и неконтролирано викал и ѕвонел по влезните врати.
По три дена, околу 21,30 часот, Л.И. под дејство на алкохол повторно отишол пред влезната врата од станот на оштетениот, притоа вербално заканувајќи се дека ќе го убие.
МВР информира дека Л.И. во 2009 година добил отказ од работа, додека Каргов бил директор во Царинската управа и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.
Судот во итна постапка донесе пресуда и го осуди Л.И. на условна казна од две години кои нема да ги одлежи ако не стори кривично дело пет години. Судот пресуди условна казна затоа што пријавениот го признал делото.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

