Црна хроника
Ограбена црквата „Св. Спас“ во Гевгелија

Бакарен котел и пари биле украдени од црквата „Св. Спас“ во Гевгелија во две одвоени кражби во февруари и март годинава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Првата кражба се случила на 13-ти февруари кога лицата И.П.(35), Л.Г. (38), С.Ј. (31) од Гевгелија, насилно влегле во помошна просторија од црквата „Св. Спас” од каде што украле бакарен котел, по што истата вечер во Струмица го продале за сума од 2.400 денари.
На трети март, пак, И.Г. (34), исто така, од Гевгелија, маскиран влегол во објектот на црквата наменет за продажба на свеќи и украл 1.500 денари
Полицијата поднесе кривични пријави против четирите лица за сторено кривично дело „тешка кражба”. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.