Црна хроника
Млекара ’Делчево’ виновна за помор на риби во Брегалница
Млекара ’Делчево’ исфрлила штетна вода со киселина во реката Брегалница со што го довела во опасност опстанокот на животинскиот свет и помор на поголем број риби, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил откриен на 19-ти февруари кога претседателот на Спортското риболовно друштво „Брегалница”-Делчево пријавил дека по течението на реката Брегалница имало помор на риби.
Увидна екипа земала мостри за испитување на риба и вода, при што од страна на УКИМ Институтот за сточарство во Скопје од извршената анализа е констатирано дека причината за поморот на рибите е акутно труење со киселина.
По извршени проверки кај правното лице млекара ‘Делчево’ ДООЕЛ било утврдено дека во процесот на чистење на опремата која се користела за обработка на млекото е употребено хемиско средство, по што вработените ја испуштиле штетната вода во одводните води на млекарата, а потоа во реката Брегалница. Со тоа, информира МВР, ја загадиле реката и го довеле во опасност опстанокот на животинскиот свет и помор на поголем број риби.
Полицијата поднесе кривична пријава против правното лице „Делчево” ДООЕЛ увоз-извоз Делчево и против одговорното лице И.К.(33), управител, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „загадување на добиточна храна или вода”. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

