Црна хроника
334 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои 24 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување под дејство на алкохол, 33 за користење на мобилен телефон, 20 санкции за неносење заштитна маска, 70 мерки за непрописно паркирани возила, a 56 возила се подигнати од „пајак“ службата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, двајца уапсени
Вчера во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје.
По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од М.Н. е одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

