Црна хроника
Разоткриени уште два случаи на распространување дроги во рамките на акцијата 'Мрежа'
Пет лица во Скопје и Гостивар се приведени под основано сомнение за нелегална продажба на наркотици во операцијата „Мрежа” на Министерството за внатрешни работи при што се запленети амфетамини, марихуана, оружје и ваги за мерење на дрогата.
Во првиот реализиран случај, при извршен преглед врз 33-годишно лице од Гостивар, била пронајдена хартиена паковка со помало количество марихуана. Потоа врз основа на обезбедени дополнителни сознанија за соработка на лицето со други дилери, со наредба на надлежен Јавен обвинител извршени се пет претреси кај седум лица на подрачјето на Скопје и Гостивар. Од извршените претреси, кај 22 годишно лице од Скопје, пронајдени и одземени се две полиетиленски кеси со марихуана со количество од околу еден килограм, две дигитални ваги, најверојатно користени за мерење дрога и други предмети кои можат да бидат поврзани со ваквата активност, додека кај друго 20-годишно лице од Гостивар, пронајдена и одземена е една најлонска кеса со 59 таблети, најверојатно екстази, во форма на квадрат со розева боја на кои на предната страна има лого BD, а на задната страна 10, како и 28.700 денари.
Одземената растителна материја и таблетите беа предадени во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР заради натамошно вештачење.Од страна на Министерството за внатрешни работи, по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека лицата сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Во вториот случај, СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежнотоОсновното јавно обвинителство Скопје предаде две лица од Скопје на возраст од 31 година, поради основано сомневање дека исто така сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, а за едно од нив е поднесена и пријава за кривично дело „Недозволено држење на оружје и распрскувачки материи”. За сторените кривични дела од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.
Единицата за недозволена трговија со дрога, дојде до сознанија дека првоосомничениот со прекар „Дац”подолго време престојува во домот на второосомничениот во скопската населба Влае, каде набавената дрога ја препакуваат и ја продаваат на зависници.Постапувајќи по добиените сознанија и во рамките на оперативната акција „Мрежа”, со наредба од судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од единицата, извршен е претрес во домот на второосомничениот и кај уште едно лице.
При извршениот претрес, пронајдени се 43 грама анфетамин, спакувани во 58 паковки, 350 грама марихуана, еден пиштол „Екол” кал. 6,35, еден пиштол „Црвена застава” калибар 9 мм и една дигитална вага. Првоосомничениот, при претресот кај другото лице е затекнат во уживање на наркотици, а пронајдени се и една паковка анфетамин и една паковка марихуана, за што ќе биде поднесена кривична пријава за „Овозможување употреба на наркотични дроги”.
Инаку, двете лица кај кои беа вршени претреси се регистрирани како извршител на кривични дела недозволена трговија со наркотични дроги, за што на двајцата во периодот 2008 до 2012 од надлежен суд им има изречено две казни затвор. Истото се однесува и на првоосомничениот, кој во 2002 година е кривично пријавен за недозволена трговија со марихуана.
Во врска со двата случаи од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога ќе бидат преземени дополнителни мерки и активности заради утврдување на кривична одговорност и на други инволвирани лица.
Досега во текот на акцијата “Мрежа” на цела територија на Македонија приведени се повече од 50 лица кај кои се пронајдени разновидни видови на наркотична дрога. МВР за дел од лицата веќе поднесе кривични пријави за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори”. Освен приведените лица, во досегашниот тек на акцијата запленети се околу 450 килограми разни видови наркотици, вредни повеќе милиони евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

