Црна хроника
Пијан маж нападнал полицаец во полициска станица во Виница

Триесет идеветгодишен жител на Виница влетал во полициска станица и нападнал полицаец, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во вторник околу 16.45 часот кога во полициската станица Виница, неповикан дошол Г.Н. Како што информира МВР, тој без причина нападнал полициски службеник фаќајќи го за униформата и влечејќи го кон себе.
Г.Н. бил задржан во станица, а по извршено алкотестирање кај него било констатирано присуство на алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази пешакот, мотоциклистот избега.
Од МВР информираат дека денеска во полициска станица е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01 јули околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што избегал.
Од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, соопшти МВР.
Црна хроника
Возел со 2,54 промила алкохол во крвта и поминал на црвено светло: уапсен маж од Кавадаречко

Утрово во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко.
На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта.
В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Бил затекнат додека палел сува трева: уапсен кумановец

Синоќа во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на ул. „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.