Црна хроника
Приведени две џепчики од Бугарија
Отсек за џепни кражби при СВР Скопје со кривична пријава до Основното јавно обвинителство ги предаде лицата Т.Н.М. (34) и П.М.С. (30), двете државјани на Бугарија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “кражба“.
Од страна на судија во претходна постапка, на пријавените им е одредена мерка една година условно, за три години казна затвор и протерување, односно забрана за влез во Македонија во траење од десет години.Двете пријавени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, во средата 28 минатиот месец на бул.„Крсте Мисирков“ поточно на Бит Пазар (кај т.н. Цветен пазар), искористувајќи го невниманието на оштетеното лице, додека оштетената пазарувала на пазарот, најпрво П.М.С и се доближила и со своето тело се турнала во неа со цел да и го одземе вниманието, додека пак Т.Н.М успеала да и ја отвори ташната, и со протнување на раката во ташната и го украла паричникот во кој имало еден клуч од стан, една маестро картица од Комерцијална Банка и една кутија цигари Ева.Од страна на полициски службеник од ПС ОН „Бит Пазар“, пријавените биле затекнати при вршење на кривичното дело, по што истите се лишени од слобода.Со потврда за привремено одземени предмети од првопријавената се одземени горенаведените предмети, кои со потврда се вратени на оштетеното лице. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

