Црна хроника
Утврден идентитетот на загинатите во сообраќајката во Битола
Пет лица од Битола, Прилеп и Крушево загинаа во сообраќајната несреќа што се случи во недела вечер на регионалниот пат Битола-Прилеп, информира битолската полиција.
Полицијата го утврди идентитетот на починатите во судирот меѓу два автомобили ‘фиат тофас’ со скопски регистерски таблички и ‘фолксваген голф’ со битолски таблички, што се случи синоќа околу 21.30 часот на надвозникот кон село Беранци.
Како што информира СВР Битола, на лице место починале сите патници од ‘фиатот’ и тоа Д.И. (38) и Б.Р. (24) од Битола и Ѓ.Ф. (20) од Прилеп.
Во другото возило се превезувале четири лица, сите од крушевското село Алданци. Од нив две лица починале на лице место З.А. (17) и А.Н. (19), а две се здобиле со тешки телесни повреди А.Х. (21) и М.Ј. (18).
Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола извршиле увид на местото на несреќата, а истрагата за утврдување на причините сè уште е во тек.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.
Црна хроника
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.
Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.
И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

