Црна хроника
Неексплодирана граната пронајдена во Битола
Неексплодирана граната била пронајдена во четврток во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Гранатата, кал. 75 мм, била пронајдена кај месноста викана Сива Вода, а истата потекнува од Првата светска војна.
Истата е подигната од лице место од страна на пиротехничар за понатамошна постапка.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Мерцедес“ излета од патот во Скопје, повредена 44-годишна жена
Денеска во 01.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, пред крстосницата со бул.„Србија“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од с.Јурумлери, скопско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ж.К.(44) од с.Трубарево, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведени двајца малолетници од Скопје: полицијата пронашла боксирач и ножеви
Синоќа во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од с.Сарај, скопско.
Кај нив биле пронајдени и одземени два ножа и еден боксирач.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Возило излета од патот во Кичево: тројца повредени
Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во близина на влез за с.Лисичани патничко возило „тигуан“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.С.(38) од Кичево, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С.(50), а со телесни повреди се здобиле М.М.С. и сопатничката С.Б.(52), констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.