Црна хроника
Македонски државјанин се обидел да прошверцува мигранти
Триесет и тригодишен македонски државјанин заработи кривична пријава за криумчарење мигранти.
Како што соопшти полицијата, со цел стекнување на противправна имотна корист, за одреден паричен надомест пријавениот С.С. извршил прифаќање на девет илегални мигранти (од кои едно дете), кои од Грција илегално влегле на територијата на Р.Македонија. Истите требало да се транспортираат од подрачјето на Гевгелија до кумановскиот регион.
По прифаќањето на мигрантите, на патниот правец Гевгелија – Неготино, од страна на мобилен тим на Царинската управа бил направен обид за запирање и контролирање на возилото под сомнение дека во возилото се превезува нелегална стока, при што С.С. ги игнорирал наредбите за запирање на возилото и продолжил да се движи во правец на Неготино. Во близина на Градско, пријавениот со возилото го напуштил автопатот Гевгелија – Скопје и со голема брзина продолжил да се движи по стариот пат Градско – Велес. Од страна на мобилниот тим на Царинската управа биле известени ДОЦ на Царинската управа и ДОЦ на МВР.
По кратко време во близина на Велес, кај м.в.Зенуле, С.С. застанал, го напуштил возилото и се дал во бегство, додека возилото и мигрантите биле пронајдени на лице место. По дополнително преземени мерки и активности за идентификување на лице, извршени консултации со Јавниот Обвинител и по издадена Наредба за приведување на лице, од страна на Судијата на претходна постапка, тој е идентификуван и пронајден а по приведувањето С.С. е предаден на Судијата на претходна постапка.
Од страна на Судија на претходна постапка, на С.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

