Црна хроника
Штипјанецот убиен во скопски Аеродром застрелан со седум куршуми
Во петокот навечер во скопската населба Аеродром беше тешко ранет 52-годишен маж, кој според информациите е штипјанец, а подоцна почина на скопските клиники.
Според првичниот извештај на полицијата од болницата каде што бил префрлен, штипјанецот идентификуван со иницијалите Д.Ј. бил погоден со седум куршуми во пределот на стомакот.
„Лицето живеело во зградата каде што се случил инцидентот. Веднаш е префрлен во болница. Во моментот кога бил префрлен бил контактибилен. За жал, подоцна им подлегнал на повредите и според првичниот извештај од болницата бил погоден во пределот на стомакот со седум куршуми”, изјави во саботата за медиумите Иво Котевски, портпаролот на МВР.
Од местото на убиството се земени траги од местото на нападот пред зграда на булеварот „Јане Сандански” кои се предадени на натамошно вештачење и во тек се активности за утврдување на идентитетот на сторителот, како и на мотивите за извршеното убиство.Според извештајот на МВР, нападот се случил околу 23,40 часот на булеварот „Јане Сандански” пред зградата бр.48, пред третиот влез, од страна на засега непознат напаѓач бил погоден со три куршуми во пределот на стомакот под левото ребро. Откако бил пренесе во Градската општа болница „Наум Охридски”‘ околу 5 часот во саботата наутро им подлегнал на повредите.
По наредба на Јавното обвинителство, телото на починатиот е предадено за обдукција. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.