Црна хроника
Возрасен скопјанец крадел по охридски хотели

Охридската полиција соопшти дека е откриен сторителот на кражби во повеќе хотели во Охрид, кој притоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.500 евра.
Станува збор за Ш.Н.(66) од Скопје, против кого СВР Охрид по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна кривична пријава. Серијата кражби приведеното лице ги започнал во јануари оваа година при што во неколку хотели во Охрид искористувајќи го невниманието на туристите им одземал чанти во кои имало паричници, мобилни телефони, кредини картички, видео камера, фото апарат и лични документи.Одземените предмети Ш.Н. ги продавал на „Бит-пазар“ а патните исправи, документите и лични предмети ги фрлал во контејнер или по пат за Скопје. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.