Црна хроника
Ги запознала преку Фејсбук, потоа ја силувале

Во петокот 32-годишната Т.Ѓ.(1982) од Скопје, пријавила дека на 26 и 27 мај од страна на две лица бил извршен полов напад врз нејзината 14 годишна ќерка.
Имено, според пријавата, на 27 мај лице (кое оштетената го запознала на социјалната мрежа „Фејсбук”) дошло во Основното училиште (каде што таа учела), ја повикал и ја внел во патничко моторно возило црвена боја и ја однел во паркот на КЦ-Скопје каде што ги чекало второто лице кое нејзиниот познаник од „Фејсбук” го представил дека му е брат.
Истите седнале на клупа по што двајцата ја допирале по градите и гениталиите, и ја соблекле блузата, а кога сакале да и ги соблечат хеланките, таа со нога удрила еден од нив. Двајцата потоа ја викнале да дојде и влегле во тоалет на една од клиниките, каде што таа под закана била полово нападната. ПС-Аеродром превзема мерки за расчистување на настанот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.