Црна хроника
На Блаце запленета марихуана во вредност од 45 илјади евра
Во понеделникот царинските службеници на граничниот премин Блаце запленија 15 килограми марихуана, чија вредност на црниот пазар би достигнала 45 илјади евра.
На граничниот премин Блаце во понеделникот околу 13 часот се пријавил автомобил „волво” со албански регистарски ознаки, управувано од лицето со иницијали Р.Д., албански државјанин. При извршен преглед на возилото, во празниот фабрички простор на предниот и задниот браник, во фабричките шуплина под предните светла и во преправени фабрички шуплини во левото и десното подкрило, царинските службеници пронајдоа вкупно 25 пакетчиња со непозната материја од растително потекло.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје сите 25 пакетчиња се доставени до МВР – Оддел за криминалистичка техника заради вештачење, според кое растителната материја претставува опојна дрога марихуана со вкупна нето маса од 15.248 грама.
Лицето и дрогата се предадени на царинските инспектори од Одделението за истраги за понатамошна истрага. Од спроведената предистражна постапка произлегува дека осомничениот порачката ја добил пред еден месец од лице од српска националност кој подолго време живее и работи на Сицилија.
Договорот бил, за паричен надомест да пренесе марихуана во Србија, при што Србинот му дал пари за да купи марихуана од Албанија и да ја пренесе во Србија каде на самиот граничен премин од српска страна требало да го чекаат лица кои ќе го препознаат по неговата регистарска таблица.
Осомничениот, од непознато лице во албанското село Лазарет купил марихуана во рефусна состојба и истата во неговиот дом во Тирана ја пресувал и ја спакувал во вкупно 25 пакувања кои потоа сам ги сокрил во возилото. Во неделата околу 19 часот тргнал од Тирана и влегол во Косово, се упатил кон граничниот премин на излез од Косово и влез во Србија каде српските царински служби не му дозволиле да влезе во Србија.
Потоа се вратил назад и во понеделникот се до 10 часот спиел во неговото возило. Некаде околу 13 часот се пријавил на влез во Република Македонија на граничен премин Блаце каде бил откриен од царинските службеници. Вредноста на запленетата марихуана на црниот нарко пазар доколку би се продавала на големо би достигнала вредност од околу 45 илјади евра.
Одделението за истраги при Царинската управа, по документирањето на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази поднесе до Основното јавно обвинителство Скопје кривична пријава против осомничениот поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори”./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

