Црна хроника
Осуден за 1.137 силувања на ќерката
Таткото на пет деца е осуден за речиси секојдневно силување на ќерката во текот на неколку години, објави во вторникот судот во австриската престолнина Виена.
Судот на седум години затвор го осудил 40-годишникот за тешко сексуално злоставување на малолетничка, инцест и злоупотреба на моќта.
Жртвата, денес на 15-годишна возраст, го пријавила таткото, инаку државјанина на Германија во полицијата во Виена во октомври 2013 година.
Сведочела дека ја силувал 1.370 пати од 2009 година, кога целото семејство живеело во германската сојузна земја Северна Рајна Вестфалија. Тврди дека силувањата се случувале секојдневно, освен во текот ан одморите и кога била на училишните екскурзии. Примероците од ДНК ги потврдиле нејзините тврдења.
Виенскиот суд го осудил силувачот само за злосторствата сторени од 2010 година кога семејството се преселило во Австрија.
Германското правосудство во моментов разгледува дали ќе го обвини таткото, изјавила адвокатката на жртвата, пренесува агенцијата DPA./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал
Синоќа во 20.00 часот во СВР Скопје, З.К.(75) од Скопје пријавил дека на 03.05.2024 околу 10.00 часот, на паркинг простор на ул.„Радишанска“ во Скопје, бил удрен од патничко возило „опел корса“, по што возачот го напуштил местото.
Според пријавеното, на 07.05.2024 тој отишол на преглед во Градската општа болница „Св.Наум Oхридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
44-годишна жена од Валандовско смртно прегазена во Струмичко
Вчера во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско.
По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.