Црна хроника
Овчар останал и без јагниња и без пари
Жител на кумановското село Бајловце останал без 56 јагниња, откако двајца измамници му ги зеле за откуп, а потоа не му исплатиле пари.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(52) од кумановско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама” и Ј.М.(34) од село Опила, кривопаланечко за сторено кривично дело „помагање”.
На 17 јуни минатата година, Д.Ј. договорил откуп на 56 јагниња за вкупен паричен износ од 152.250 денари од оштетено лице од село Бајловце, по што јагнињата ги дале во непозната кланица, додека на оштетениот не му исплатиле никакви парични средства со образложение дека откупените јагниња ги продале на грчки државјани. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.