Црна хроника
Крвава пресметка со нож во тетовско
По жестока вербална расправија, во петокот во с.Пршовце, со нож бил избоден 26 годишниот М.С. од Тетово во ресторанот „Калабрија“, по што со неколку убодни рани веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово , соопштуваат од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Сторител на нападот со нож бил 24 годишниот А.Ш. од с.Глоѓи, кој откако не успеал да изнајде решение по вербалната расправија посегнал по нож и му нанел на М.С. четири убодни рани.
М.С. е надвор о животна опасност, информираат од Клиничкиот центар во Тетово, од каде додаваат дека истиот е задржан во болницата за понатамошно лекување.
По преземените мерки од страна на полициските службеници, веднаш бил пронајден осомничениот за делото, А.Ш, и бил задржан во СВР Тетово за расчистување на случајот.
Од МВР најавија дека по целосно расветлување на инцидентот за сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

