Црна хроника
Кривична пријава поради затајување персонален данок
Кривична пријава против 42 годишниот Р.С. од с.Десово, битолско, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „затајување данок“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, пријавениот, инаку индивидуален земјоделец, со намера да одбегне плаќање персонален данок во 2011 година, во Управата за јавни приходи, во Прилеп, не поднел годишна даночна пријава за остварен приход за 2010 година иако истиот на својата трансакциона сметка имал прилив на парични средства во износ од 506.000 денари.
Со својата постапка според пресметките на УЈП осомничениот затаил персонален данок на доход во износ од 50.598 денари./крај/мф/ап.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

