Црна хроника
Кривична пријава за екс градоначалникот на Вевчани

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Вевчани Перо Илиески поради потпишување на противправни договори со кои го оштетил општинскиот Буџет.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Перо Илиески (46) во својство на градоначалник на Општина Вевчани спротивно на Законот за јавни набавки и без да распише потреба од јавна набавка за правни услуги, на адвокат од Струга за застапување на Општината му исплатил 1,025,583 денари.
„Исто така, во периодот 2009 – 2013 година пријавениот не превзел никакви мерки за да се заштитат имотните интереси на Општина Вевчани и без да се грижи за имотот и интересите на Општината која ја застапувал и претставувал, склучил и други противправни и спорни договори оштетувајќи го општинскиот буџет”, соопшти МВР./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.