Црна хроника
Тинејџери паднале од шести кат додека се бакнувале и загинале
Момче и девојка на возраст од 18 и 19 години, кои биле на забава во лондонскиот јужен кварт Дептфорд, во вторникот паднале од балконот од шести кат додека се бакнувале и загинале. Полицијата ја окарактеризирала несреќата како „трагичен инцидент“.
Станарите од зградата отспротива рекле дека младата двојка се бакнувала на балконот, а во еден момент девојката му рекла на момчето да се тргне од неа. По десетина минути соседите слушнале гласен тресок и помислиле дека се работи за пукање од пиштол. Меѓутоа, во прашање бил звук од телата на тинејџерите како удираат во бетонот.
Друг сосед тврди дека бил сведок и на самиот момент на паѓањето:
„Видов како ја подигнува и спушта во раце на балконот. Таа го прегрнуваше околу вратот, а тој стоеше пред неа и се бакнуваа. Тогаш се наведна кон девојката, а нозете му се кренаа. Девојката изгуби рамнотежа и двајцата паднаа”.
DailyMail објави дека станува збор за 19-годишната Русинка Анастасија Тутик и за 18-годишен Мексиканец со име Мигуел.
Истрагата е во тек, иако полицијата не се сомнева дека станува збор за убиство, туку дека во прашање е трагичен инцидент./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

