Црна хроника
Десетгодишно дете повредено во сообраќајка во Хиподром

Десетгодишно дете било повредено во сообраќајна несреќа што се случила во четврток навечер во скопската населба Хиподром.
vКако што информира полицијата, сообраќајката се случила околу 20, 40 часот откако автомобил „рено меган” со скопски регистерски таблички удрило во детето кое возело велосипед. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Автомобил удри во пешак во Штип, се здоби со тешки повреди

Вчера на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Штип, автомобил „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(41) од Штип, удрило во пешакот Ј.Ј.(67) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Тешко повреден едниот од возачите во несреќата што се случи вчера кај Раец

Тешко повреден е 36-годишниот возач од Богданци во несреќата што се случи вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на селото Раец, кавадаречко.
Во несреќата учествуваа товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Уапсен крадец во Куманово

Вчера во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишниот Л.Ш. од Куманово. Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари.
Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.