Црна хроника
МКЦ му забрани влез на лицето кое ја повреди студентката на концертот на ’Сепултура’
Младинскиот културен центар му забрани влез на лицето, чиј идентитет останува непознат, кое на 9-ти овој месец падна врз девојче од Битола кое со тешки повреди на главата беше примена во Клиничкиот центар Скопје. Од МКЦ информираат дека повредената студентка во четврток била пуштена на домашно лекување.
„Mладата студентка Маја, која пред три денови беше повредена на концертот во ЈУ МКЦ, вчера, во добра здравствена состојба го напушти Клиничкиот центар и замина во својот дом во Битола. Во изминатите денови, МКЦ заедно со семејството на Маја и лекарскиот тим беше фокусиран на закрепнувањето на Маја, бидејќи здравјето на Маја беше единствениот приоритет. Токму од овие причини, свесно ги одбегнувавме сите коментари и шпекулации кои кружеа во јавноста”, пишува во соопштението на МКЦ.
Од таму велат дека искрено жалат за немилиот настан и дека и покрај фактот што не биле организатори на настанот, секогаш безбедноста на граѓаните и изведувачите им е на прво место.
„Во овој контекст, индивидуата која го предизвика овој инцидент, јавно ја прогласуваме за непожелна на сите настани во ЈУ МКЦ и киното Милениум. Нему, но и на сите останати, кои нема да ги почитуваат нашите безбедносни правила и прописи, исто така ќе им биде забранет влез на настаните во ЈУ МКЦ и киното Милениум”, се вели во соопштението./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

