Црна хроника
Украден сеф со пари и накит во вредност од половина милион денари од куќа во охридско
Метален сеф со пари и златен накит во вредност од над половина милион денари биле украдени од куќа во Горно Лакочереј, охридско.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила на 28-ми минатиот месец кога лицето С.А. насилно влегло во куќата, додека лицето Г.С. чувало стража. Во украдениот сеф имало златен накит, пари и лични документи во вкупна вредност од 525.000 денари.
СВР Охрид против С.А(24) и Г.С(35) од Охрид поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Првопријавениот С.А. е пријавен и за уште пет кривични дела „тешка кражба“, од кои три во обид извршени во периодот од 23-ти до 31-ви мај во три куќи и еден стан во Охрид, како и една куќа во село Мешеишта, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 10.000 денари./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.