Црна хроника
Запленети цигари, облека, дезодоранси, кучиња, фалсификати…
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани цигари, облека, ловџиски кучиња, пирсеви, пиштоли за дупчење уши, рачни алати, автостакла и фалсификати.
При контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Богородица, мобилните царински тимови откриле 55 штеки цигари LD и Monte Karlo со македонски акцизни маркички.
Непријавените цигари пронајдени се во резервоарот на возилото, кој бил специјално преграден и адаптиран за криење стока. Покрај цигарите, привремено е задржано и возилото.
На граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со турски регистарски таблички, управувано од турски државјанин, пријавено за влез во државата биле откриени 2.240 парчиња шалови. Непријавените шалови се пронајдени во неколку торби и кеси, сместени во багажниот простор и во дополнително поставениот багажник на кровот на возилото.
Во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови биле откриени 300 парчиња текстилни производи и 140 ПВЦ торби.
Во првиот случај при контрола на стока со потекло од Шпанија, наменета за увозник од Неготино, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Гевгелија, пронајдени се 212 парчиња текстилни производи и 140 ПВЦ торби, што не биле опфатени со царинската декларација.
Во вториот случај, при контрола на автобус со српски регистарски таблички, што сообраќал на редовна линија Нови Пазар-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, откриени се 88 парчиња текстилни производи (фармерки и бермуди).
Непријавената стока, сопственост на возачот, српски државјанин, пронајдена е во фабричка празнина кај десниот преден фар и во патна торба сместена во багажниот простор на автобусот.
На граничниот премин Дојран, при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички, пријавено за излез од државата биле пронајдени две ловечки кучиња од расите Тробоец и Балканец.
Возачот на возилото, грчки државјанин, се упатил директно на пасошка контрола, без да застане за царинска контрола. Полицискиот службеник забележал дека во багажниот простор има две кучиња и го прашал возачот дали има документи за истите, на што возачот покажал ветеринарни сертификати со објаснување дека кучињата му избегале и успеал да ги најде на територијата на Република Македонија.
Сепак полицискиот слубеник повикал царински службеник да изврши проверка со читач на баркод, а во тој момент возачот ја сменил изјавата и признал дека сертификатите не се за истите кучиња и дека кучињата ги купил од македонски државјанин./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
Тетовското обвинителство поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје.
Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.
Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај друг осомничен полицијата пронашла 55 куршуми, oд кои 53 куршуми боева муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил пронајден пиштол без шаржер.
Четвртото лице кај себе држело 3,15 грама кокаин во моментот на претресот, поради што му е поведена истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени, додека за еден се предложени мерки на претпазливост.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.

