Црна хроника
385 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 385 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Автомобил излета од патот Битола – Кичево, повредена жена

Педесет и петгодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа, што се случила вчера утрото на патот Битола – Кичево.
Несреќата се случила кога автомобил „рено меган“, со битолски регистарски ознаки, управуван од А. Ц. (35) од с. Долно Оризари, Битолско, излетало од патот. Во незгодата тешки телесни повреди добила сопатничката В. Ц. (55) од Долно Оризари, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во сообраќајна незгода во Скопје

Еден човек е тешко повреден кога синоќа, возејќи велосипед, се судрил со автомобил на улицата Алија Авдовиќ во Скопје.
Во незгодата учествувале патничко моторно возило „пежо 308“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л. Р. (26) од Скопје, и велосипед, управуван од Ш. А. (73) од Скопје.
Во незгодата велосипедистот добил тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Претреси во Тетовско, пронајдена дрога и оружје

Полицијата пронајде дрога и оружје во куќа во тетовска Брвеница, а приведени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера, при претрес во дом и помошни простории на Д. Ј. (47), биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми во различен калибар. А кај Т. Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми.
Тие биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер