Црна хроника
40 возачи казнети за брзо возење

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле четири сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, две со лесни телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди и три лица добиле лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои 13 поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај биле и 17 возила затоа што 15 биле нерегистрирани, едно поради истечена важност на сообраќајната дозвола и едно возило бидејќи било технички неисправно. Во текот на изминатите денови издадени се 120 мандатни платни налози, а 44 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен стружанец, пијан возел мотоцикл и излетал од патот

Вчера во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода 36-годишниот И.М. од Струга.
Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.
Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот