Црна хроника
426 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден (16.7.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 426 возачи.
Од нив, 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 215 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во куќа во Вевчани, нема повредени

Денеска во 08.45 часот, во куќа сопственост на Ф.Ќ. од Вевчани, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Црна хроника
Приведен 28-годишник од Гостивар: бил баран по потерница за издржување казна затвор

Вчера во 13.00 часот во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле 28-годишниот З.С. од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Сообраќајка во Скопје, тешко повредена жена од Кумановско

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.35 часот на булеварот „Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од село Романовце, кумановско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.А.(48) од Скопје.
Во нерсеќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во приватна болница во Скопје, додека Д.П.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.