Црна хроника
435 казни за брзо возење на територијата на целата држава

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 435 возачи. Од нив, 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.
Топ
Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
„Синоќа во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило застава 101 со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта“, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.