Контакт

Топ

46-годишен скопјанец загина во сообраќајката кај Кичево, дете од возилото е тешко повредено

Објавено пред

Четириесет и шестгодишен скопјанец, со иницијали В.Н. од Скопје загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево-Гостивар, што се случи вчера околу 18 часот кај селото Колари.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, возилото кое го управувал мажот излетало од патот, а во него имало и малолетно девојче.

Девојчето со тешки повреди е пренесено во болницата во Кичево, додека 46-годишниот маж загинал на лице место и Итната помош која пристигнала таму констатирала смрт.

Извршен бил увид.

Скопје

Обвинителството собира докази и видео-снимки за расчистување на убиството кај Бит-пазар

Објавено пред

По вчерашната вооружена престрелка во близина на Полициската станица во Бит Пазар, во која животот го загуби 31-годишниот А.С. од Скопје, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место и ги презеде првичните истражни дејствија.

dobivaj vesti na viber

Од обвинителството информираат дека на лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење, со цел да се расветлат сите околности околу настанот.

„По наредба на јавен обвинител, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти, а издадени се сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните лица и целосно расчистување на настанот“, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, со цел прецизно да се утврдат причините за смртта.

Инаку, според досега познатите информации, пукањето се случило попладне на само неколку метри од Полициската станица во Бит Пазар. А.С. бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Скопје со тешки прострелни рани на главата, градите и други делови од телото, но, и покрај лекарските напори, им подлегнал на повредите во операционата сала.

Основното јавно обвинителство Скопје најавува дека интензивно ќе продолжи со сите неопходни активности за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Свет

(ВО ЖИВО) Започна погребната миса за папата Франциск, емоции и солзи на плоштадот Свети Петар

Објавено пред

На плоштадот Свети Петар во Ватикан, утрово точно во 10 часот по локално време, започна погребната церемонија за папата Франциск, кој почина во понеделникот на 88-годишна возраст. Светата миса ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, деканот на колегиумот на кардиналите, исполнувајќи ја последната желба на папата за скромен и достоинствен испрат.

dobivaj vesti na viber

На малите екрани може да се забележат бројни светски лидери и високи гости кои пристигнаа од сите краишта на светот за да му оддадат последна почит. Меѓу присутните се поранешниот американски претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски, италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони.

Рим денес е под силни безбедносни мерки – улиците се преполни со полиција и специјални единици, но атмосферата е тивка и облеана во тага. Илјадници верници од сите делови на светот пристигнаа за да присуствуваат на последната миса за својот духовен водач. Повеќе од 50.000 луѓе веќе поминаа покрај ковчегот на папата, а масата на присутни на плоштадот расте од минута во минута.

Церемонијата се следи во тишина и молитва, додека ковчегот на папата, поставен во едноставен дрвен ковчег, ја симболизира неговата скромност и посветеност на верата. По завршувањето на мисата, ковчегот ќе биде пренесен во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што, согласно неговата желба, ќе биде погребан без раскош, со едноставна плоча на која ќе стои само натписот „Franciscus“.

Денеска, светот се простува со папата Франциск во молк, почит и благодарност за неговото дело и духовното водство што го остави зад себе.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски: Дипломатскиот пасош не ѝ дава имунитет на претседателката на ДКСК

Објавено пред

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“, не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска. Дополнително, таа нема право да гласа или да врши распределба на предмети.

dobivaj vesti na viber

Димитровска завчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје. Судијата, постапувајќи по предлогот на Обвинителството, ѝ определи мерки за претпазливост, вклучително и забрана за преземање на одредени работни активности.

Минатата година, Татјана Димитровска доби дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи, со што ѝ беше овозможено да патува без чекање на пасошка контрола при влез и излез од државата. Иако и останатите шест члена на Комисијата побарале ваква привилегија, не им била одобрена.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во изјава за „Сител“ во емисијата „Тема на денот“, појасни дека поседувањето дипломатски пасош не носи автоматски имунитет и не може да влијае врз истрагата.

„Самиот дипломатски пасош на наш граѓанин не значи дека тој ужива било какви права поврзани со некоја форма на имунитет. Што значи дека истиот не може да влијае на самата постапка која се спроведува од нашите органи и во моментот кога ќе престане функцијата на таа поединечна личност, секако МНР ќе го одземе тој дипломатски пасош“, изјави Муцунски.

Тој додаде дека, иако постои презумпција на невиност, од морални и етички причини Димитровска треба да поднесе оставка.

„Логично е кога сте опфатени со ваков тип на постапка, почитувајќи ја и презумпцијата на невиност, ова го велам пред сѐ како човек, не како министер – логично е да дадете оставка. Тоа не треба, според мене, да влијае на кредибилитетот на сите останати членови на таа комисија“, истакна Муцунски.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје3 минути

Обвинителството собира докази и видео-снимки за расчистување на убиството кај Бит-пазар

По вчерашната вооружена престрелка во близина на Полициската станица во Бит Пазар, во која животот го загуби 31-годишниот А.С. од...

Свет3 часа

(ВО ЖИВО) Започна погребната миса за папата Франциск, емоции и солзи на плоштадот Свети Петар

На плоштадот Свети Петар во Ватикан, утрово точно во 10 часот по локално време, започна погребната церемонија за папата Франциск,...

Македонија3 часа

Муцунски: Дипломатскиот пасош не ѝ дава имунитет на претседателката на ДКСК

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во...

Свет4 часа

(ВО ЖИВО) Светот се збогува со верскиот лидер, денеска е погребот на папата Франциск

Папата Франциск, кој почина во понеделникот наутро на 88-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во Рим. Погребната церемонија се очекува...

Македонија5 часа

Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите. Според најавите, во текот на...

Европа17 часа

Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните...

Македонија17 часа

„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и...

Европа17 часа

(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот...

Топ18 часа

31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар. „Во врска со пукањето на Бит...

Македонија20 часа

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија...

Македонија23 часа

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се...

Економија23 часа

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватниот сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател...

Македонија23 часа

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за...

Македонија24 часа

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и за туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија1 ден

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија1 ден

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет1 ден

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија1 ден

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет1 ден

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...