Црна хроника
522 санкции за брзо возење на територијата на Македонија
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 522 возачи.
Од нив 41 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 227 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 295 надвор од населено место.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Струмичко: пронајдена марихуана, уапсен 29-годишник
Вчера во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 29-годишниот В.М. од село Пиперево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен скопјанец по напад во казино и семејно насилство
Вчера околу 21:40 часот, полицијата го приведе 35-годишниот Т.Ј. од Скопје, на подрачјето на општина Аеродром.
Приведувањето следело по претходна пријава дека околу 21:30 часот, во и пред казино, заедно со уште едно лице физички го нападнал 53-годишниот Д.М. од Струмица, со престој во Скопје. По нападот, Т.Ј. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
Дополнително, неговата 29-годишна сопруга пријавила дека тој физички ја нападнал и во семејниот дом. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен велешанец поради напад во здравствена установа – ја заклучил во канцеларија, кршел, се заканувал
На 27 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 31-годишниот М.П. од овој град, по претходна пријава од 55-годишна велешанка.
Според пријавата, на своето работно место во здравствена установа во Велес, осомничениот ја заклучил жената во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканувал со остар предмет, па ја испрскал во очите со средство за чистење.
Тој е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

