Црна хроника
53 лица ја прекршиле забраната за движење
53 лица ја прекршиле забраната за движење во периодот од 21:00 часот на 3.5.2021 до 5:00 часот на 4.5.2021 информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, за мерката за носење лична заштита на лице, биле регистрирани 384 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Охрид – Св. Наум, три млади лица се повредени
Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од селото Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од селото Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Жена најдена почината во стан во Скопје кадешто живеела под кирија
Четириесет и тригодишна жена вчера била најдена почината во Гази Баба.
Според информациитее од МВР, таа живеела како потстанар во станот во кој ја нашле.
Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид, а телото на починатата е дадено на обдукција.
Црна хроника
Скопјанки се тепале пред продавница во Ѓорче
Две жени се степале пред продавница во Ѓорче Петров, во текот на вчерашниот ден, објави МВР.
„На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11.40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.