Црна хроника
59 санкционирани возачи на автопатот Гевгелија – Куманово

Во текот на вчерашниот ден (13.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 59 прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина, со хеликоптер пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза”

Полициски службеници од САЕ Тигар и ОВЕ денеска со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице од Шар Планина, во реонот на Гостивар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека веднаш по добиената пријава дека на Шар Планина се превртело возило, а со повреди се здобил А.Џ., тие се упатиле на местото на настанот и повреденото лице е успешно преземено и транспортирано до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Црна хроника
Лишени од слобода двајца турски државјани поради предизвикување пожар во Горно Нерези

Полицијата приведе двајца турски државјани кои додека работеле со апарат за заварување предизвикале пожар.
„На 20.09.2025 во 18:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар. Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Лишен од слобода маж од струмичко поради подметнување пожар

Полицијата приведе 42 годишен маж од струмичко под сомнение дека подметнал пожар во селото Василево.
„На 20.09.2025 во 15:00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.А.(42) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атар на село Василево, во кој била зафатена нива со сува вегетација. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.