Црна хроника
66 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, осум возила упатени на вонреден технички преглед
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12 до 16 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани се 66 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, девет за возење без сообраќајна дозвола, шест за користење мобилен телефон за при возење.
На вонреден технички преглед биле упатени осум возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

