Црна хроника
67-годишна жена падна возејќи тротинет и тешко се повреди
Во полициската станица Прилеп вчера било пријавено дека на ул. „Мице Козар“ во Прилеп, Л.Т. (67) од Прилеп управувајќи тротинет марка „Чико“, во обид да заобиколи товарно моторно возило, загубила контрола над мопедот и паднала на патот.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина возач на камион од Богданци
Во 13.20 часот вчера во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.
МВР денеска соопшти дека во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Мотоциклист излета од патот и заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 18.02 часот во полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат од село Саса кон Македонска Каменица, кај место викано „Павлиш дол“, Т.С.(49) од Македонска Каменица управувајќи мотоцикл марка „Хамачи“, загубил контрола над мотоциклот и излетал од патот.
Во несреќата Т.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Делчево.
Црна хроника
Возач со автомобил тешко повреди жена и побегна
Вчера во СВР Куманово било пријавено дека околу 16.50 часот на локалниот пат во село Љубодраг, кумановско, патничко возило удрило во пешакот С.Н. (53) од село Љубодраг, а потоа возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општата болница во Куманово.
За настанот е запознат надлежен ЈО и бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово.